Комисијата за лустрација да работи без притисоци

Скопје, 30 септември 2010 (МИА) - Лустрацијата е темелен процес, многу значаен за напредокот на земјата и нормално е што предизвикува различни и бурни реакции. Основно е да се остави Комисијата да си ја заврши работата, да не и се вршат странични притисоци како што е со надгласувањето итн. и употребата на нејзината работа за партиски цели, вели пратеникот Стојан Андов.

- Од тоа треба да се откажат сите и да ја остават Комисијата да си работи. Многу е значајно оние државни органи кои се должни на Комисијата да и ги доставуваат материјалите крајно совесно да се држат до законските обврски и да водат сметка оти секое отстапување од законските обврски е казниво дело за нив, рече Андов на новинарско прашање по дебатата за атентатот врз поранешниот претседател Киро Глигоров во Домот на АРМ.

Според него, полицијата не ги отвора своите досиеја заради одлуката на Уставниот суд т.е. препораката овој Закон да не важи за случаите по 1991 година.

- Има многу случаи кои се и до 1991 и продолжиле да бидат оперативни и тие не се дадени во Архивот заради тоа што биле оперативни. Тука постои потреба сега за една интервенција во Законот, но треба внимателно да се оствари, вели Андов.

Љубчо Георгиевски е задоволен што, вели, владејачките партии позитивно ја прифатиле неговата провокација преку отвореното писмо. Тој очекува што побрзо да биде презентиран и донесен закон кој ќе овозможи лустрацијата да се однесува и на периодот по 1991 година. Запрашан зошто не се спровела лустрација за време на неговото владеење, тој посочи оти во тој период од четири години, имал три министри за внатрешни работи, со сите тројца го водел истиот разговор, заинтересиран да ги отвори доушниците, пред се во неговата партија, но оти сите му дале ист одговор дека се уништени сите досиеја.

За поканата за дуел со Борис Стојменов вели дека ја прифаќа на било која тема и место, но оти не може да му каже ниту пред јавноста, ниту нему лично  дека е доушник, затоа што тоа е тешко кривично дело, а единствен кој е одговорен и кој може да каже дека некои документи се легитимни, е Комисијата за лустрација. За него е проблематично што Комисијата за лустрација го става на страна фактот дека во последната етапа е дискутирано и гласано за најмалку тројца луѓе еден - уставен судија, двајца пратеници. По објавувањето на името на уставниот судија, прашува кои се двајцата пратеници за кои Комисијата одлучувала со надгласување.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Како ќе познаеш дека плавуша возела кола?
- Има кондом на мењачот.

* * *
- Зошто плавуша не може да положи возачки испит?
- Секогаш кога инструкторот ќе рече паркирај,...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
69.- Приврзаниците на Тит Флавиј Веспазијан, кој...
1639.- Роден е францускиот писател Жан Расин,...
1666.- Умре италијанскиот сликар Гверчино,...
1790.- Руските трупи под командата на Александар...