Членови на американскиот Конгрес побараа поддршка од Обама за членство на Македонија во НАТО

Вашингтон, 2 октомври 2010 (МИА) - Деветнаесет американски конгресмени вчера со писмо побараа од претседателот Барак Обама да ги поттикне сојузниците на САД во НАТО да и понудат на Македонија формална покана за членство во Алијансата на претстојниот Самит во Лисабон, инфомрира Обединетата македонска дијаспора (ОМД).

- Иднината на Македонија во Евро-Атлантските институции, како и сигурноста и стабилноста на југоисточна Европа, веќе не треба да бидат под негативно влијание од билатерланото прашање со Грција. Македонија ги исполни сите критериуми за членство во НАТО и прашањето за името не спаѓа во критериумите за членство, се посочува во писмото од конгресмените до Обама.

Македонија, се нагласува, треба да биде поканета да се придружи на НАТО сега, како што беше назначено во акциониот план за членство во 1999 година. Иако не е член на НАТО, Македонија активно придонесува за мирот, демократијата и стабилноста и сигурноста во Југоисточна Европа.

- Ние разбираме дека директните билатерални разговори меѓу Македонија и Грција за прашањето за името ќе продолжат, но веруваме дека членството во НАТО не треба да се поврзува со конечниот исход од овие разговори, му пишуваат конгресмените на претседателот Обама и додаваат дека Македонија е близок сојузник на САД и веќе подолго време се однесува како членка на НАТО.

Во писмото, што е испратено и до потпретседателот Џо Бајден, државниот секретар Хилари Клинтон и секретарот за одбрана Роберт Гејтс, се потсетува на посветеноста на Македонија во меѓународните мисии во Ирак и Авганистан предводени од САД и НАТО и за логистичката поддршка за интервенција на НАТО во Косово во 1999 година и приемот на 360 илјади бегалци. Исто така, се истакнува и придонесот на земјава во мировните мисии во Либан и во Босна и Херцеговина, како и фактот дека во Авганистан, Македонија е меѓу првите четири најголеми учесници по бројот на население и оти 255-те македонски војници го обезбедуваат главниот штаб на ИСАФ во Кабул.

На крајот од писмото потпишано од 19 конгресмени од Републиканската и Демократската парија, меѓу кои и Ерл Помер од Северна Дакота и Кендис Милер од Мичиген, се констатира дека е во интерес на САД да ги охрабрат сојузниците во Алијансата за да се упати формална покана за прием на Македонија во НАТО.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
една баба оди на лекар.Кога докторот ја прашува што е проблемот таа му вели дека многу прди, прдежите не се слушаат но многу смрдат.Докторот и дава лекови и и вели да се врати на...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
641.- Кинеската принцеза Вен Ченг се омажи за...
1365.- Отворен е Универзитетот во Виена, една од...
1507.- Загина италијанскиот генерал Чезаре...
1832.- Роден е англискиот капетан Чарлс Канинг...