Промоција на програмата „Добар почеток“за поддршка на образованието на РомитеСкопје, 27 октовмри 2010 (МИА) - Ромскиот едукативен фонд (РЕФ) од Будимпешта денеска во Скопје ќе го промовира проектот „Добар почеток“, кој има за цел поддршка на образованието на Ромите и грижа за ромските деца од најмала возраст во соработка со институциите на државата.
Имплементацијата на програмата ја поддржа ЕУ со два милиони евра, а во текот на 22 месеци ќе бидат спроведени пилот проекти во вкупно 16 населби во четири земји – Македонија, Словачка, Романија и Унгарија.
Целта е до крајот на програмата да се постигне ефикасно и успешно вклучување и поддршка на повеќе од 4.000 мали деца и нивните семејства во четирите земји. Во Македонија, таа се спроведува од почетокот на учебната година, во пет населени места - три урбани и две рурални – во Шуто Оризари, Виница, Делчево, Тработивиште и Црник, соопшти РЕФ.
На свеченоста ќе се обратат министерот без ресор и национален координатор на Декадата за инклузија на Ромите и на Стратегијата за Ромите во Република Македонија Неждет Мустафа, претставници од РЕФ, како и градоначалаиците од општините вклучени во проектот.
Свои презентации ќе имаат и трите локални НВО-а кои ќе ги имплементираат планираните активности - Националниот ромски центар од Куманово, Ромскиот образовен центар „Амбрела“ од Шуто Оризари и „Кхам“ од Делчево.
РЕФ со седиште во Будимпешта има за цел да го намали јазот во образованието меѓу Ромите и неромската популација преку образовни политики кои поддржуваат мерки за квалитетно образование на Ромите и нивна десегрегација во образовниот систем.
|