ОН доследно го почитува македонскиот јазик

Скопје, 17 ноември 2010 (МИА) - Организацијата на Обединетите нации цврсто стои на принципиелниот став за неменување на националните обележја на која било земја-членка, како и за доследно почитување на јазичните посебности на секој народ, а во конкретниот случај на македонскиот јазик.

Тоа го истакнал генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун во синоќешниот телефонски разговор со шефот на македонската дипломатија Антонио Милошоски во врска со случајот со исчезнувањето на македонскиот јазик од личната карта на Република Македонија во ОН.

Милошоски, соопшти МНР, се заблагодарил за позитивен  став на Бан Ки-мун во однос на македонскиот јазик и искажал задоволството што меѓу 165 различни јазици на листата на ОН, македонскиот јазик го има своето заслужено место како еден и единствен.

Македонскиот министер за надворешни работи и генералниот секретар на ОН размениле мислења и за процесот на разговори меѓу Македонија и Грција за билатералниот спор за името.

- Би било полезно доколку посредникот Метју Нимиц наскоро направи официјални посети на Македонија и на Грција, со цел да се даде уште еден импулс на билатералните разговори, истакнал Милошоски. Повторил дека Република Македонија е посветена на надминување на грчко-македонскиот спор и има политичка волја за што поголема динамика на процесот што се води во рамките на ОН. Истакната е  позитивната улога и придонес на Нимиц како специјален пратеник на генералниот секретар за ова прашање

Бан Ки-мун нагласил дека во рамките на ОН посветува должно внимание на грчко-македонски спор и дека ќе иницира зголемување на динамиката на разговорите за надминување на разликите меѓу двете земји.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Некој црнец од некое афричко племе доаѓа со жена му и неговото новородено дете кај доктор Џоунс и му вика:
'Докторе, имам осум деца и сите се црни како мене, само ова е бело....
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1679.- Умре холандскиот писател Јост ван ден...
1782.- Шпанците го презедоа од Британците...
1783.- Од земјотресот во Калабрија (југозападен...
1840.- Роден е шкотскиот пронаоѓач Џон Бојд...