Ветер го однесе покривот на гостиварската болницаГостивар, 27 ноември 2010 (МИА) - Од силен ветер синоќа, половина час по полноќ, падна покривот на гостиварската болница. Жртви и повредени нема, но е причинета значителна материјална штета.
Според кажувањата на вработените кои синоќа дежурале во одделенијата на болницата, налетите на ветерот биле силни и тие стравувале за својата и за безбедноста на пацинетите.
- Персоналот и пациентите од детското одделение кое е на најгорниот кат биле евакуирани за да се избегне поголема несреќа. Првичните проценки од увидот се дека без покрив останаа над 350 кавдратни метри од објектот, а штетата дополнително ќе се утврдува, но таа е голема, изјави Ферт Муча, директор на општата болница во Гостивар.
Според Муча, незгодата не влијае врз работењето на болницата и сите служби работат нормално. Покривот на делот од болницата кој се урна е направен пред седум години.
За случајот се информирани сите надлежни служби, а во текот на денот се очекува и посета од претставници од Министерството за здравство.
|