![](http://images.idividi.com.mk/images/bolnica_tetovo.jpg)
Тетово, 29 ноември 2010 (МИА) - Се урна дел од покривот на интернистичкиот блок во тетовската клиничка болница денеска околу 14 часот и падна врз три лица, најверојатно студенти.
Според првичните информации една студентка починала на самото место, а две лица се повредени. Оштетени се и две возила кои се наоѓале во близина.
На местото на несреќата се наоѓаат припадници на противпожарната единица кои се обидуваат да спречат поголема катастрофа.