ОБСЕ заврши добра работа во Македонија и на Балканот

Астана, 1 декември 2010 (МИА) - ОБСЕ имаше значајна улога во Македонија, заврши добра работа и помогна земјата од корисник на услугите да стане придонесувач за нејзините цели – промоција и ширење на зоната на мир, стабилност и безбедност, истакна македонскиот претседател Ѓорге Иванов во обраќањето на седмиот Самит на Организацијата за безбедност и соработка во Европа, што се одржува во казахстанскиот главен град Астана.

Уште од осамостојувањето, рече Иванов, Македонија е водена од начелата и определбите на ОБСЕ, со што претставува добар пример дека довербата меѓу заедниците може да се гради само со почитување на човековите права и основните слободи на сите граѓани.

- Македонија денес е уникатен пример на мултиетнички соживот, на инклузивна демократија, модел кој ни овозможи да бидеме контрибутор во безбедноста и стабилноста. Земјата значајно придонесува не само за  регионалната стабилност и соработка, туку и за поширокиот мир и безбедност, како на пример во Авганистан, нагласи  македонскиот претседател.

Потврда за постигнатиот прогрес, како што наведе, се исполнетите критериуми за членство во НАТО и за почеток на пристапните преговори со Европската унија. Посочи дека не само Македонија, туку и целиот регион на Југоисточна Европа ги искористи придобивките од ОБСЕ и споредено со состојбите од пред десет години, ситуацијата во регионот е драматично променета на подобро.

Иванов, јави известувачот на МИА, се заложи за зголемување на напорите за решавање на постојните конфликти во регионот на ОБСЕ на мирен начин, искоренувајќи ги заканите или употребата на сила.

- Мора да продолжат напорите за градење доверба, да комуницираме за подобро да се разбираме и заеднички да делуваме. Двигател на овие процеси е политичката волја. Целосно го поддржувам ставот дека ОБСЕ треба да се фокусира на големата слика и да се подготвува за реалностите кои ги носи новиот век. Верувам дека Документот кој ќе го усвоиме во Астана ќе не донесе поблиску до заедничката цел - нова ера на соработка меѓу нашите општества и создавање заедничка евро-атлантска и евро-азиска безбедносна заедница, бидејќи ниту една држава, самостојно, не може да одговори на предизвиците на денешницата, заклучи претседателот Иванов во обраќањето пред шефовите на држави или влади на 56. земји членки на ОБСЕ.

Македонија е членка на Организацијата за безбедност и соработка во Европа од 1995 година, иако меѓусебната соработка почна во 1992. со воспоставувањето на првата набљудувачка мисија на ОБСЕ чија задача беше да се превенираат конфликти и тензии по осамостојувањето на земјата и распадот на СФРЈ. За добрата соработка на Македонија со ОБСЕ говори и фактот што во последните две години значително е зголемен бројот на македонски државјани на високи позиции во Организацијата. По првпат македонски дипломат, амбасадорот Арсим Заколи, беше назначен за шеф на една мисија на ОБСЕ, таа во Туркменистан. Во другите мисии, како во Косово, Србија и Босна и Херцеговина, веќе има десетина ангажирани македонски државјани по препорака на претседателот на РМ и на МНР. Со тоа Македонија има натпросечна застапеност на свои кадри во мисиите на ОБСЕ (според големината, бројот на жители и учество во буџетот на ОБСЕ). Идна цел е зајакнување на позицијата на македонските кадри во структурите и мисиите на ОБСЕ, за што претседателот Иванов лобира и на Самитот во Астана.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Еден човек среќава пират во бар.Пиратот има дрвена нога,кука и извадено око.
"Како ја доби дрвената нога?" го прашува цовекот.
"Имасе страсна бура на морето,и јас излетав во...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1620.- Стотина населеници, исклучени од верски...
1716.- Роден е англискиот писател Томас Греј....
1734.- Роден е англискиот сликар Џорџ Ромни,...
1792.- Роден е англискиот пронаоѓач и...