Скопје, 16 декември 2010 (МИА) - Во галеријата на Остен вечер свечено ќе биде отворена 38 - та Светска галерија на уметноста на хартија – Цртеж 2010.
На годинашнава Светска галерија на цртеж учествуваа околу 350 уметници со 780 карикатури од 51 држава од светот.
Светската галерија на цртеж ќе ја отвори академик Влада Урошевиќ, кој воедно и ќе им ги врачи наградите и признанијата на уметниците. На свеченоста ќе присуствува познатиот светски уметник Владимир Величковиќ, добитник на наградата Гран При за животно дели.
Покрај Величковиќ присутни ќе бидат и наградените уметници Агата Герчен и Павел Ворхол од Полска, Паоло Чампини од Италија, Стефан Бергер од Шведска, Антоанета Абаџиева од Бугарија и Петар Хејдек од Германија.
Гран При наградата за животно дело се состои од бронзена скулптура, паричен износ од 5.000 долари и повелба на Остен. Првите награди се состојат од паричен износ од 1.000 долари и повелба. Наградата Златен Остен се состои од студиски и работен престој во Република Македонија во траење од 15 дена, во соработка со Фондацијата Аполонија, а кој ќе биде реализиран во заеднички термин за наградените, по што ќе следи самостојна изложба, и доделување повелба на Остен.