
Православните христијани вечерва ќе ги запалат коледарските огнови.
Со овој обичај, во предвечерието на Бадник, започнува славењето на Христовото раѓање. Речиси во сите општини, населби и урбани заедници ширум Македонија радосната вест за раѓањето на Спасителот ќе се пречека со заедничка дружба, греана ракија и домашен леб.