Робин О Нил: Прашањето за иимето е најбизарниот спор денес во Европа, без оптимизам за денешната средба во ЊујоркСкопје, 9 февруари 2011 (МИА) - Грчко-македонскиот спор за името е најбизарен дипломатски спор денес во Европа, оценува британскиот дипломат и прв меѓународен посредник за името Робин О Нил.
- Спорот за името меѓу Грција и Македонија е најбизарниот и најнесфатливиот дипломатски спор денес во Европа. Никој надвор од Грција не може да сфати зошто Македонија би требала да го смени своето име. Заради кој национален интерес се прави ова? Грција на ниту еден начин не страдала од постоењето на Македонија под актуелното име во изминативе 20 години и Грција никогаш не се противела на постоењето на Република Македонија во рамките на Федералната Република Југославија..., вели О Нил во интервју за МТВ.
Според него, конзистентното противење на Грција да се согласи во врска со приемот на Македонија во НАТО или ЕУ е посебно тешко да се разбере.
- Тешко е на ова да се гледа поинаку од тоа оти всушност станува збор за желба на Грција да ја ослаби или дури и да ја уништи Македонија. Но, националниот интерес на Грција изискува таа да има стабилни и успешни соседи, како за безбедноста така и за трговијата. А услов идната стабилниот и успех на Балканот во целост е сите држави во регионот да станат членови на двете најважни европски организации, НАТО и ЕУ, кои меѓусебно би обезбедувале безбедност, пријателски односи, блиска соработка и економски и комерцијални предности од единствениот пазар, вели британскиот дипломат.
О Нил смета дека пред Македонија постојат две насоки кои Владата може да ги избере за да се забрза приемот во двете организации и покрај блокадата од Грција - првата да ги продолжи преговорите под покровителство на ОН водени од медијаторот Метју Нимиц и втората во Привремената спогодба од 1995 година меѓу владите на двете земји.
- Во врска со ова, јас би додал само дека искуството од толку многу неплодни години и покрај напорите на Нимиц, не е позитивно, а тековните изјавија на Грција не наговестуваат дека е можно скорешно постигнување на договор. Се надевам дека не сум во право. Во секој случај сигурен сум дека Владата на Република Македонија треба да продолжи да работи со Нимиц во изнаоѓање на трајно решение за овој проблем, вели О Нил.
Навраќајки се на неговото лично искуство во обидите да го реши овој проблем, во 1992 како претставник на Европската заедница потсетува дека претседателот Глигоров бил подготвен да бара одобрување од Парламентот да ги измени името од Република Македонија во Република Македонија (Скопје) за меѓународни цели. Понудата Грција тогаш ја одби со образложение дека зборот Македонија се уште е присутен, а и се уште се противи на ова решение.
Како поранешен медијатор во грчко-македонскиот спор, О Нил советува државата да аплицира за членство и во НАТО и во ЕУ под ПЈРМ, а за тоа да причека до донесува на одлуката на Меѓународниот суд во Хаг.
Според него, другите членки на НАТО и ЕУ би можеле да направат три работи - да се притисне Владата на Грција да се согласни за започнување на преговорите во интерес на Балканот и Европа, а ако таа одбие се надева дека другите членки ќе постават принцип да не примаат други балкански држави во двете организации се додека Македонија не биде вклучена. Третата опција, ако се одбие целосно членство на Македонија во НАТО, е сите други земји-членки, и покрај противењата на Грција, да се согласат да направат посебен статус за Македонија во Алијансата.
- Тоа би било праведно, ако се земе предвид што Македонија веќе има направено за НАТО. Сепак, ова не би можело да се смета како долгорочна алтернатива кон приемот на Македонија со целосно членство. Од овие причини, јас сум резервиран по ова прашање. Многу се надевам дека следните неколку недели, можеби со помошта од Меѓународниот суд и од пријателите на Македонија во двете организации, ќе довиеме слободен пат за аплицирање на Македонија да се приклучи кон НАТО и кон ЕУ и преговорите ќе започнат набрзо, истакна британскиот дипломат Робин О Нил.
|