Нема информација за евентуално одложување на пописот

Скопје, 1 март 2011 (МИА) - Претседателката  на Државната пописна комисија Весна Јаневска денеска изјави дека се уште нема најави од Владата за евентуално одложување на претстојниот априлски попис. Таа ги повика членовите на Комисијата од албанската и турската етничка заедница  да се вратат на седниците на ова пописно тело.

- Нема информација од Владата за одложување на пописот, изјави претседателката на Државната пописна комисија, за МИА.

Доколку се пристапи кон евентуално одложување на пописот што во Македонија треба да се одржи од 1 до 15 април годинава, Владата треба да донесе одлука за измени на Законот за попис, да ја извести Државната пописна комисија за измените и истите да ги достави до Собранието, кое треба да ги изгласа.

Јаневска  ги потврди информациите дека на конкурсот за попишувачи се јавиле помал број кандидати од албанската, турската, но и од други етнички заедници.

- Ги повикувам членовите на Комисијата  Албанци и Турци да се вратат на седниците на пописната комисија за да можеме заедно да го надминеме проблемот со малиот број пријавени попишувачи на конкурсот за претстојниот попис, изјави Јаневска.

Членовите етнички Албанци и Турци  на Државната пописна комисија пред некое време ја напуштија работата на комисијата поради несогласувања во врска со одлуката за бројот на попишувачите - припадници на етничките заедници на локално ниво.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Умрел човек и некој од фамилија оди во продавница да купи сандак. Влегува и го прашува продавачот:
- Колку е овој сандак?
- 1500 евра.
- А овој?
- 1000 евра.
- Добро бе,...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1544.- Во Соренто е роден Торквато Тасо,...
1820.- Умре американскиот сликар Бенџамин Вест....
1857.- Умре шпанскиот писател Мануел Хосе...
1885.- Роден е англискиот возач на брзи...