Во Брисел средба Груевски - Филе

Брисел, 24 март 2011 (МИА) - Прашањето за билатералниот спор меѓу Грција и Македонија за името кое има огромно влијание врз евроинтегративниот процес, беше клучна тема и на средбата која ја оствари премиерот Никола Груевски со еврокомесарот за проширување Штефан Филе денеска во Брисел, а која беше последна во низата средби на агендата на македонската делегација.

Премиерот реферираше и за состојбата околу евентуалните предвремени избори. Европа е против бојкот на изборите и истите треба да бидат транспарентни и да се одржат во фер и демократска атмосфера, е заклучокот од денешната посета на премиерот во Брисел. Теми за кои се разговарало на средбата Груевски - Филе биле и динамиката на спроведување на реформите, посебно во делот на правосудството и администрацијата.

Во соопштението од кабинетот на Филе се вели дека на средбата станало збор за повеќе прашања кои се однесуваат на евроинтеграцијата на Македонија и на политичката ситуација во земјата.

Еврокомесарот Филе нагласил дека 2011 е важна година за регионот. - Земјите треба да ги засилат напорите за создавање позитивна клима за проширувањето, а важно е Скопје треба да биде активен дел од тоа. Поради тоа од суштинско значење е прашањето за името да се реши. Во спротивно постои ризик земјата да заостане во интегративниот процес, се вели во соопштението.

Филе порачал дека земјата треба да продолжи со својата реформска агенда и оти е неопходно да се направи прогрес во политичкиот дијалог, реформата на судството и јавната администрација, борбата против корупцијата и слободата на изразување. Овие прашања, како што се наведува, беа посочени и во извештајот на ЕК за напредокот на Македонија во 2010, и потребно е да им се обрне поголемо внимание во наредните месеци и  да се врати ЕУ агендата преку отворена интеракција и дијалог.

Во однос на политичкиот дијалог, Филе, како што стои во соопштението, го повикал премиерот Груевски и лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски, да ги удвојат напорите за постигнување договор за решавање на актуелните отворени политички прашања.

- Очекувам да се развие сериозна дискусија за тие прашања. Клучно е да постои консензус околу приоритетите и целите на земјата. Исто така клучно е изборите да се одржат со целосна транспарентност и според межународните стандарди, истакнува еврокомесарот за проширување.
 
Филе вели и дека слободата на изразување е основен принцип и оти новинарите мора да ги изразуваат своите погледи слободно. Посочува дека Европската комисија не интервенира во поедничени судски случаи, но очекува во текот на нивното процесуирање да нема селективна примена на законите

Десетгодишнината од Охридскиот договор, според него, е можност да се согледа направениот прогрес во неговата имплементација, да се здружат сите заедници во државата и да се потенцира заедничката заложба околу претстојните предизвици.

На средбата станало збор и за визната либерализација. Филе побарал да се преземат мерки за спречување на нејзината злоупотреба и неоснованите барања азил во земјите од ЕУ.

Македонскиот премиер денеска во Брисел учествуваше на самитот на Европските народни партии. Груевски на маргините на собирот, како што информираа од македонската делегација, имаше средба и со претседателот на Европските народни партии Јозеф Дол, на која приоритет бил ставен на македонската надворешна политика и евроинтегративниот процес на државата.

Во текот на денешниот ден премиерот Никола Груевски оствари и неколку билатерални средби со своите колеги од Хрватска, Унгарија и Словенија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Дежурниот спикер ги буди Црногорците.
- Добро утро, јунаци! Ајде да вежбаме. Одиме: Горе-долу, горе-долу, горе-долу, ајде сега другото око.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Христијаните кои се придржуваат на...
800.- Папата Лав Трети во Рим го круниса...
1066.- Во Вестминстерската катедрала во Лондон...
1642. - Во Вулстроп е роден Исак Њутн, англиски...