Нова археолошка кампања на Виничко кале Кочани, 13 април 2011 (МИА) - На Виничкото кале кај Виница каде што беа пронајдени познатите Теракотни икони започна третата по големина археолошка кампања во Македонија, финансирана од Владата и Министерството за култура.
- Во овој циклус на истражувања Виничкото Кале добива одредена сума пари со кои ќе го заокружиме истражувањето на сектор исток и во централниот простор на Калето. Со нас паралелно ќе работи и конзерваторска екипа, која ќе врши конзервација на новиот влез на Виничкото кале. Досегашните наоди одат во прилог на моето тврдење дека сите овие архитектонски содржини укажуваат дека станува збор за градот Армонија, истакнува Цоне Крстевски, археолог во Музејот на Македонија и раководител на истражувачката кампања на Виничко кале.
Според Крстевски, златните 17 монети кои се откриени во последната кампања се мошне значајни за понатамошните истражувања на Калето. Животот на Виничкото кале постоел во 9 и 10 век, но дилема останува периодот од 7 и 8 век до 9 век, истакнува Крстевски. Во десегашните кампањи на Виничкото кале е откриен простор од 70 проценти кој е значаен за историјата на овој крај и архелогијата воопшто.
|