Галерија на отворено во центарот на Скопје

Скопје, 6 мај 2011 (МИА) - Улицата „Максим Горки“ во центарот на Скопје од денеска до понеделник ќе биде галерија на отворено. Остен Светска галерија на уметноста на хартија, со поддршка на Делегацијата на Европска унија и Општина Центар, во наредните четири дена ја организираат првата Арт рута наречена „ЕВРОПА во ЦЕНТАР“.

Настанот почнува вечер во Галеријата Остен со изложбата „4-те наградени автори на Остен Светска галерија на уметност на хартија – цртеж: Пикасо, Вазарели, Циуха, Величковиќ“, што ќе ја отвори евроамбасадорот Петер Соренсен. Арт рутата потоа во следните три дена ќе продолжи низ 22 други објекти по должината на улицата „Максим Горки“.

Арт рутата на граѓаните им нуди преку едноставна, секојдневна прошетка да видат дела и од Рембрант, Тобијас, Миро, Чемерски, Дар – Мар, Ташковски и многу други македонски и уметници од Европа – пријатели на Остен Светската галерија на уметноста на хартија. Во исто време, групата на млади уметници Арт И.Н.С.Т.И.Т.У.Т. и графити - уметниците Руки и Флим, ќе креираат на оградите на објектите во градба на улицата „Максим Горки“. Посебен тип на изложба ќе претставува сити-лајт изложбата на карикатури поставени на неколку паноа.

Појаснување на посетителите за авторите, делата и уметничките форми кои ќе бидат изложени во рамките на Арт рутата ќе им даваат студенти од Американ колеџ Скопје.

- Главната цел на овој настан е да се доближи европската и македонската уметност поблиску до граѓаните на еден уникатен начин. Делата од познатите уметници ќе бидат поставени долж  улицата  „Максим Горки“, на излозите на деловните објекти. На тој начин, уметноста ќе биде непосредно до граѓаните, додека чекаат ред во банка, додека се шетаат со партнерот или додека брзаат низ зафатеното секојдневие. Настанот завршува со одбележување на Денот на Европа, симболично претставено преку носењето на Европа, во центарот на Скопје, вели Корнелија Конеска, проект-менаџер на настанот. 

Покрај галеријата ОСТЕН, уметнички дела ќе бидат изложени и во Поштенска банка,  Еуростандард банка и Уни Банка, амбасадите на Шведска, Норвешка и Шпанија, канцелариите на УНДП и МК – ЕУ инфо центарот, продавниците на „Стилос“, „Интергрос“, „Марфи“, „Грин“, „Маркиз“, како и  кафулињата/рестораните „Кај Јоле“, „Кафе Пауза“, ресторан Багутта, „Лондон Паб“ и галеријата „Ел Греко“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Како се викаат свекор и свекрва?
- Шап и лигавка!
А снаа?
- Луда крава!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1118.- Роден е кентерберјскиот надбискуп Томас...
1375.- Умре Џовани Бокачо, славен италијански...
1639.- Роден е Жан Расин, француски поет и...
1781.- „Патентот за толеранција“ кој го изработи...