Умберто Паскали: Ова е војна на пропаганди, а народот се користи како топовско месо

Скопје, 12 јуни 2011 (МИА) - Американскиот анaлитичар Умберто Паскали во интервју за програмата ПОРТА на МТВ, кометирајќи ги најновите случување во Македонија, во врска со организираните протести околу смртта на Мартин Нешковски, оценува дека тоа е војна на пропаганди, а народот се користи како „муниција за топовите“.

- Јас би се обратил на македонската младина, да ја следи својата жед и својата страст за вистина и самите да направат истражувања за тоа кој се крие позади оваа операција, вели Паскали.

Овој америански експерт и познавач за случувањата во регионот и во Македонија појаснува како се спроведува таа операрација како војна со информации.

 - Се користат најголемите органи на западните сили од британскиот Економист и различни ограноци на Сорос (финансиската моќ), до англо-американското разузнавање (Гласот на Америка) и главните контролори на интернетот (Гугл). Како и во повеќето други обоени револуции, сценариото е многу едноставно и многу примитивно. Целта, премиерот кој штотуку победи на изборите треба да се претстави како зло а народот како угнетен и како народ кој протестира, вели Паскали.

Демонстрантите, според него, се инструирани да користат тактики на здружување во групи преку интернет, твитер, фејсбук и поддршката од големите медиуми финансирана од финансиските моќници. Убиството на младиот човек за време на славењето на победата на ВМРО е само воведот, појаснува американскиот експерт за Балканот.

Одговарајќи на прашањето кои се причините за ваквите протести, Паскали со став - успешната политика на премиерот Груевски и претседателот Иванов во проширувањето на сувереноста и независноста на Македонија. Македонија е, вели Паскали пријател со сите, но не е роб на одредена сила. Македонија остварува добри контакти не само со западните сили туку и со Русија, Кина и Турција. 

- Премиерот Груевски имплементира политика на активна дипломатија и економска размена и трговија со секоја држава која е заинтересирана за такво нешто. Би издвоил неколку примери како енергетската политика за Јужниот Тек, Коридорот 8. Независноста и сувереноста се најважниот капитал кој Македонија мора да го брани, но некој не сака независна Македонија, која нема други сопственици и шефови додава Паскали.

Околу можната инструментализацијата на младите демонстранти од некои опозициски партии и каде тоа води, Паскали со порака „Кажете ја вистината. Прашајте го и замолете го народот, посебно младината, да се бори за вистината, револуција против манипулирањето“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Одат маж и жена во продавница и жената се фатила за некој фустан. Мажот пак незаинтересиран и вели:
- Ај мори жено, остај го фустанов, гледај каква си, како комбајн.
Си отишле...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1571.- Во Вајл, Германија, е роден Јохан Кеплер,...
1585. - Во Париз умре Пјер Ронсар, француски...
1822. - Во Дол е роден Луј Пастер, француски...
1831.- Англискот научник Чарлс Дарвин ја започна...