Заврши првата фаза од имплементацијата на проектот „Сидата не знае за граници... Заштити се!“Кратово, 13 јуни 2011 (МИА) - По едногодишна работа заврши имплементацијата на првата фаза од проектот на PPOMA од Кратово „Сидата не знае за дискриминација...Заштити се!“. Во наредните три години тој треба да продолжи да се имплементира со поддршка на MTV Staying alive foundation.
Минатиот викенд под мотото „Сидата не знае за дискриминација“ во Кратово се одржа голем хепенинг во организација на PPOMA од Кратово учествуваа на кој учествуваа млади од Кратово, Пробиштип, Крива Паланка и повеќе музички групи од регионот.
Целта на манифестацијата беше да се информираат младите како да се заштитат од ХИВ вирусот преку претставата „Конецот“ на членовите на PPOMA.
Манифестацијата „Staying alive 2011“ е во организација на Ромската регионална организација младинска асоцијација од Кратово под покровителство на Фондацијата MTV Staying alvie од Лондон и локалната самоуправа на општина Кратово.
|