Промовирано првото археолошко електронско издание во Македонија

Скопје, 14 јуни 2011 (МИА) - Првото археолошко електронско издание во Република Македонија - монографијата „Античкиот град на Исар - Марвинци кај Валандово. Културно-историски осврт“ од најстариот и првиот дипломиран археолог во државава, д-р Викторија Соколовска денеска беше промовирано.

Ирина Шумадиева од Фондацијата „Метаморфозис“ истакна дека се занимаваат со промоција и застапување за користење на лиценците од Криејтив комонс, меѓународна организација која се занимава на интернационално ниво со промоција на лиценците.

- Првпат во македонската археологија се промовира монографија, научен труд, кој е напишан од доктор на науки, признат кај нас и надвор, рече археологот м-р Василка Димитровска, која исто така има ставено свои дела под лиценцата на Криејтив комонс.

Таа потенцира дека Македонија има огромно културно наследство кое, како што рече, поседува мал капацитет на научни и стручни трудови кои може да ги употребуваат обичните луѓе, медиумите, туристичките работници. Според неа, недостатокот од тие дела најчесто потекнува од финасиите кои се потребни за публикување на сите книги и монографии.

- Нивното објавување на интернет не само што го смалува тој финансиски трошок, туку прави тоа дело да биде достапно за сите во секое време, рече Димитровска.

Археологот м-р Горан Санев и менаџер на порталот за археологија „Порта Археологика“ истакна дека објавувањето на оваа прва електронска археолошка монографија ќе биде инспирација и почеток на воведувањето на македонската археологија во современите издавачки трендови кои, како што рече, несомнено овозможуваат лесна и брза достапност до потребните инфорамции.

- Во оваа монографија д-р Соколовска ни ги пренесува нејзините најнови согледувања и заклучоци на повеќе прашања поврзани со античкиот град на Исарот. Така преку десет поглавја авторот во целост не запознава со историјата, географијата и населеноста на Долното, односно Средното Повардарие во антиката, рече Санев.

Тој информира дека Соколовска има објавено повеќе од 90 стручни и научни трудови, објавувани во домашни и странски списанија. Во текот на својот истражувачки век, Соколовска била учесник и раководител на голем број археолошки истражувања.

Соколовска се осврна на својот труд и потенцира дека градот на Исарот го идентификува со Добер, еден од двата града кои се споменуваат во изворите. Според неа, овој локалитет заслужува да биде познат во нашата наука и јавност.

Наскоро се очекува да излезе и англиска верзија на оваа монографија.

Книгата може да се најде на линкот HYPERLINK "http://www.cc.org.mk"www.cc.org.mk во секцијата дела.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Трпе ја изгубил жена си во Веро. Застанал до една згодна жена и ...
- Може да се запознаеме? Јас сум Трпе...
- Марш, манијаку ни заеден, најде баш овде да ми се пушташ.
- Е па...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1169.- Франција и Англија склучија мир по...
1367.- Роден е англискиот крал Ричард Втори, кој...
1392.- Скопје падна под османлиска власт и стана...
1412.- Родена е Јованка Орлеанка (Жан Д' Арк),...