„Алиса во земјата на чудата“ на Театарот за деца и младинци гостува на „Охридско лето“

Охрид, 26 јули 2011 (МИА) – Театарот за деца и младинци од Скопје вечерва гостува на „Охридско лето“ со претставата „Алиса во земјата на чудата“ во режија на Александар Ивановски која ќе биде изведена во предворјето на Света Софија од 21 часот.

Како што беше истакнато на денешната прес-конференција, посетителите, а пред се најмладите ќе можат да видат претстава со раскошни костими и многу музика, како и одлична актерска игра на Марија Ѓорѓијовска, Предраг Павловски, Тања Кочовска, Катарина Илиевска, Винета Дамческа, Петар Стојковиќ, Ана Левајковиќ и Драган Довлев.

За претставата „Алиса во земјата на чудата“ режисерот Ивановски рече дека зборува за сонувањето, за моќта на детската фантазија, за моќта на создавање специфични светови.

- „Алиса во земјата на чудата“ е просто непресушен извор на инспирација и на имагинативна провокација. Она што посебно не интересираше како екипа беше да го отвориме тој простор на сонот, логиката на движењето на нарацијата на ниво на асоцијација, без класична линеарност, туку структура што се базира на асоцијација, сон, имагинација, нешто што во текстот на Луис Керол го има во изобилство, рече Ивановски.

Режисерот додаде дека во претставата само главниот лик Алиса е реален, додека се другото е изместено, деформирано во некој свет на чудата, каде се сосема нормални многу работи што во реалноста се чинат невозможни.

За сцената каде ќе се игра претставата, Ивановски оцени дека тоа може во некои аспекти да придонесе изведбата да добие уште некоја нова димензија.

- Мислам дека е добро претставата да се игра на простори кои веќе имаат своја дефинирана приказна, како што е предворјето на Света Софија. Верувам дека некои аспекти од тоа предворје ќе се отворат низ претставата и обратно – некои моменти од претставата токму во просторот ќе добијат нова димензија, посочи Ивановски.

Директорот на Театарот за деца и младинци Драган Довлев потсети дека вечерашниот настап е петти пат театарската куќа со своја изведба да гостува на „Охридско лето“. Тој ја искористи можноста да истакне дека и во иднина Театарот за деца и младинци ќе работи на одржување на квалитетот на своите поставки, но истовремено најави и активности за проширување во квантитативна смисла, односно да се зголеми бројот на нови претстави на репертоарот, најмалку на три премиери годишно.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Како се викаат свекор и свекрва?
- Шап и лигавка!
А снаа?
- Луда крава!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1167.- Роден е англискиот крал Џон, помладиот син...
1491.- Роден е Игнасио де Лојол, основач на...
1524.- Умре португалскиот морепловец Васко де...
1798.- Роден е Адам Мицкиевич, полски поет,...