kapital

Дел од "Скопје 2014" пристигна во 2011

По повод 20-годишнината од независноста на Македонија се планира свеченото пуштање во употреба на Фонтаната “Воин на Коњ“, Музејот на револуционерната борба и Порта Македонија

Забрзано се градат објектите од проектот “Скопје 2014“. Иако визуелизацијата беше именувана како “Скопје 2014“, капиталните објекти - Музејот на револуционерната борба, триумфалната порта и “Воинот на коњ“ - ќе бидат готови на почетокот на септември, кога Македонија ќе ја прослави 20-годишнината од својата самостојност.

Со целосното завршување на фасадната декорација на популарниот Музеј на ВМРО тој ќе биде достапен за јавноста на 8. септември, кога и свечено треба да биде отворен.

“Музејот ќе понуди голем број содржини. Тука ќе биде поставена постојната постановка на восочни фигури на историски личности, масовни сцени кои беа изработени од руски, бугарски и македонски уметници, како и слики портрети на личностите кои ја одбележаа македонската историја“, велат од Министерството.

И “Воин на коњ“ ќе блесне во полн сјај на Денот на независноста. Дваесет и двеметарскиот споменик на воин придружен од својата осумчлена фаланга и осум лавови веќе пристигнаа на плоштадот. Екипите на терен работат на нивното поставување, кое треба да заврши до државниот празник.


“Во музејот ќе биде поставена постојната постановка на восочни фигури на историски личности, масовни сцени кои беа изработени од руски, бугарски и македонски уметници, како и портрети на личностите кои ја одбележаа македонската историја.“

“На 8. септември ќе биде свеченото пуштање во употреба на фонтаната. Сите технички детали околу функционирањето на фонтаната ќе бидат познати кога фонтаната ќе биде ставена во функција“, велат од општина Центар.

Триумфалната порта пак, можеби еден од најкритикуваните објекти од проектот “Скопје 2014“, треба да биде готова на денот на државниот празник. Поставувањето на релјефите, дело на скулпторката Валентина Стевановска, на кои е претставена историјата и културата на Македонија, е веќе во тек. Портата ќе биде составена од галериски простор на две нивоа, а најгоре платформа за набљудување.

Од Министерството за култура најавуваат спектакуларна програма за прославата на 20-годишната независност на Македонија. Месец септември, како што велат од таму, ќе биде цел во знакот на независноста. Покрај објектите, од Министерството за култура најавија и промоција на едицијата “130 тома на македонската книжевност“ на англиски јазик.


“Во тек е поставувањето на релјефите на кои е претставена историјата и културата на Македонија. Портата ќе биде составена од галериски простор на две нивоа, а најгоре платформа за набљудување.“

На 8. септември ќе се отвори и скопскиот аеродром

На денот на независноста свечено треба да биде пуштен во употреба и скопскиот аеродром, Александар Велики, кој турскиот инвеститор ТАВ го гради речиси една година. На 40.000 метри квадратни, со 23 шалтери за чекирање и 15 шалтери за пасошка контрола, скопскиот аеродром ќе добие лик на европски.

“Скопје 2014“ излезе од визуелизацијата

Проектот “Скопје 2014“ се проширува со нови содржини. Плоштадот Карпошово востание кај црквата Свети Димитрија ќе биде преуреден со фонтани и споменици од кои централно место ќе има 13-метарската фигура на, како што се зборува во јавноста, Филип II Македонски. Идејното решение за комплексот е на скулпторката Стевановска, која го изработи и “Воинот на коњ“ и Порта Македонија. Скулптури на коњи, мајки со деца и водоскоци ќе бидат дел од уредувањето на новиот плоштад, кој се очекува да биде завршен идната година.

Во близина на Фонтаната се наоѓа и зградата на Министерството за транспорт и врски, која треба да добие нов, барокен лик.

Веќе е почната изградбата на новата административна зграда на градот Скопје, која се наоѓа на местото на поранешните бараки на Водовод и канализација. Рокот на изградба е четири години, а за изведба на овој проект градот ќе потроши околу 14,5 милиони евра. Изградбата на фонтана со светците е предвидена со измените на Деталниот урбанистички план "Света Богородица". Според измените на ДУП, предвидено е целиот простор пред црквата да биде уреден во плоштад, а веднаш до неа да се гради објект во кој ќе бидат сместени Факултетот за драмски уметности и 13 државни институции, меѓу кои Даночната управа и Бирото за јавни набавки.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Бил некој лала (по амерички-фармер) од Војводина.
Еден ден орал и слушал радио на транзистор а вестите јавуваат:'Внимание, изгледа дека се појавиле ванземаљци, ако видите нешто...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини...
Верски календар
На денешен ден
1577.- Во Зиген е роден Петар Паул Рубенс,...
1867.- Во Аргиент е роден Луиџи Пирандело,...
1712.- Во Женева е роден Жан Жак Русо, француски...
1919.- Во Версај, кај Париз, е потпишан договор...