Наградените автори на „Светската галерија на цртеж“ на „Остен“ творат во Охрид

Охрид, 7 септември 2011 (МИА) – Реномирани уметници од Германија, Шведска, Италија, Полска и Бугарија - добитници на наградата „Златен Остен“ на 38-та „Светска галерија на цртеж - Скопје 2010“, деновиве престојуваат во Охрид, каде имаа можност да творат и создаваат нови дела со кои ќе учествуваат на годинешната 39-та по ред „Светска галерија на цртеж 2011 – биенале на наградени автори“.

Како што беше истакнато на денешната прес-конферецнијата во Охрид, најдобрите автори на годинешната „Светска галерија на цртеж 2011 – биенале на наградени автори“ ќе бидат оценувани од меѓународно жири, натпреварувајќи се за вредни награди и тоа: десет илјади долари за „Гран-при“ наградата, пет илјади долари за „Посебна награда на Остен“, и три „Први награди“ во вредност од по пет илјади долари.

Организаторите пред медиумите со оценка дека во овие современи времиња, цртежот некако се запоставува и не му се дава соодветно внимание.

- Самата основа на уметноста е линијата и цртежот кој произлегува како основа на изразувањето на уметникот. Сметаме дека вршиме голем придонес во оваа област, при што не ги негираме новите форми на изразување“, беше нагласено на прес-конференцијата.

Инаку, Светската галерија на карикатури е формирана 1969 година, прва од таков вид на Балканот, сега од најстарите и најавторитетни манифестации во светот, од која произлезе Светската галерија на цртеж, и двете манифестации на кои основен материјал на искажување е хартијата.

Уметникот Стефан Бергер од Шведска рече дека за секој од уметниците кои се тука во Македонија било предизвик да се работи за остварување на одредена претходно поставена цел.

- Ова наше заедничко дружење е голема можност да црпиме инспирација еден од друг,  истовремено пронаоѓајки го сопствениот начин на израз, рече Бергер.

Од оваа година, „Остен“ го најавува прераснувањето на „Светската галерија на цртеж“ во биенална манифестација, односно редовната „Светска галерија на цртеж“ ќе се одржува на секои две години.

Делата кои ќе се продуцираат за време на нивниот престој во Македонија, како и делата од авторите на секое издание на Светската галерија на цртеж ќе бидат прогласени за национално богатство и ќе бидат дел од колекцијата на Музејот на цртеж, кој е еден од најновите и можеби најамбициозните проекти на „Остен – уметност на хартија“.

- Светската галерија на цртеж“ е единствена манифестација од таков вид, што ги следи современите текови во областа на визуелните уметности и која брзо се развива и се збогатува со нови содржини и квалитет во уметноста на хартија. Организаторот на манифестацијата „Остен - уметност на хартија“ ги поканува уметниците од целиот свет да земат учество во следното 40 издание на „Светската галерија на цртеж – Скопје 2012“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Како се викаат свекор и свекрва?
- Шап и лигавка!
А снаа?
- Луда крава!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1118.- Роден е кентерберјскиот надбискуп Томас...
1375.- Умре Џовани Бокачо, славен италијански...
1639.- Роден е Жан Расин, француски поет и...
1781.- „Патентот за толеранција“ кој го изработи...