Ердоган во официјална посета на Македонија

Премиерот на Турција Реџеп Таип Ердоган денеска и утре ќе престојува во официјална посета на Република Македонија.

Претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски ќе го пречека турскиот премиер Ердоган на аеродромот Александар Велики. На пречекот ќе се одржи церемонија со највисоки државни и воени почести.
Двајцата премиери ќе направат обиколка на објектот на аеродромот „Александар Велики“.

Потоа во Владата Груевски и Ердоган ќе одржат тет-а-тет средба, а предвидени се и официјални разговори на македонската и на турската делегација.

Турскиот премиер Ердоган денеска ќе се сретне и со претседателот Ѓорге Иванов и со претседателот на Собранието Трајко Вељаноски. Средба со турскиот премиер ќе има и лидерот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети.

Во рамките на официјалната посета, сопругите на премиерите Боркица Груевска и Емине Ердоган се очекува денеска да ја посетат Детската амбасада „Меѓаши“ во Скопје.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Како се викаат свекор и свекрва?
- Шап и лигавка!
А снаа?
- Луда крава!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1118.- Роден е кентерберјскиот надбискуп Томас...
1375.- Умре Џовани Бокачо, славен италијански...
1639.- Роден е Жан Расин, француски поет и...
1781.- „Патентот за толеранција“ кој го изработи...