Конкурс за државната награда за новинарство и публицистика од 1-ви до 30 октомври

Скопје, 29 септември 2011 (МИА) - Одборот за доделување на државната награда „Мито Хаџи Василев - Јасмин“ задутре ќе распише конкурс за доделување на годинашното високо признание за остварувања во областа на публицистиката и новинарство.

Конкурсот ќе биде отворен на 1 октомври и ќе трае до 30 октомври. Иницијативите и предлозите (трудови, книги, публикации...) треба да бидат доставени до Министерството за култура на Република Македонија - Одбор за доделување на државната награда „Мито Хаџи Василев- Јасмин“, ул.„Ѓуро Ѓаковиќ“ бр. 61 Скопје.

Како што соопшти Министерството за култура, подносителите на иницијативата за доделување на наградата треба подробно да ја образложат. Во текстот треба да се содржани  прецизни биографски податоци, точна адреса на живеење, податоци за остварените резултати во областа во која што е постигнато остварувањето и други податоци што се смета дека ќе придонесат во оценувањето. Текстот на иницијативата да се достави во 15 примероци, а трудовите (книги, публикации...) се третираат како прилози и треба да се достават најмалку во два  примерока.

Во една година може да се доделат најмногу две награди „Мито Хаџи Василев - Јасмин“. Наградата е парична и во износ од пет просечни месечни плати во Република Македонија.

Оваа државна награда се врачува секоја година во Собранието на РМ на 21 декември, денот кога е роден Хаџи Василев - Јасмин, политичар и прво перо на македонското новинарство  и публицистика.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Кога и ја отварате вратата од автомобилот на жената.
- Кога имате нов автомобил, или нова жена.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1558.- Германскиот цар Фердинанд Први ја презеде...
1804.- Во Виена е роден Јохан Штраус Постариот,...
1820.- Роден е италијанскиот крал Виторио...
1844.- Карлос Антонио Лопес е прогласен за прв...