Скопје, 2 ноември 2011 (МИА) - Во Основниот суд Скопје 1 во Скопје денеска почна судењето на припадникот на специјалната полициска единица „Тигри“, Игор Спасов, обвинет за убиство на Мартин Нешкоски, што се случи на 6 јуни вечерта по парламентарните избори.
Спасов на почетокот на судскиот процес против него побара да биде ставен на полиграф и на тој начин да докаже дека ја зборува вистината.
На судењето, кое според најавите од судот ќе трае неколку дена по ред, се очекува да се слушне што се случувало на плоштадот во Скопје и дали Спасов бил таму како обичен граѓанин или по налог на МВР.
Убиството на Нешковски предизвика реакции на младите во Скопје, кои протестираа пред Собранието и МВР, барајќи одговорност за неговата насилна смрт.