„Спасов не го уби Мартин“

Скопје, 2 ноември 2011 (МИА) -  Припадникот на специјалната полициска единица „Тигри“, Игор Спасов, обвинет за убиство на Мартин Нешкоски, што се случи на 6 јуни вечерта по парламентарните избори, тврди дека тој не го убил момчето, а така сведочеше и единствениот сведок на судењето што почна денеска во Основниот суд Скопје 1 во Скопје.

Радица Радевска во Судот рече дека Спасов не бил човекот што крвнички го претепал младиот Мартин Нешковски. Според неа, убиецот бил висок и црн, а носел и пиштол.

Објаснувајќи ги случувањата од вечерта кога беше убиен Нешковски, обвинетиот Спасов во Судот истакна дека тој неколкупати вечерта го забележал момчето како се обидувало да се качи на бината каде говор држел премиерот Никола Груевски. Побарана била помош и од униформираната полиција, а во моментот кога Спасов му се обратил момчето почнало да бега. Обвинетиот потрчал по него и видел како Нешковски се сопнал на кабли и паднал на асфалтот. Спасов сметал дека симулира, но по кратко време сфатил дека момчето е во безсознание. Му дал прва помош и како што рече давал знаци на живот.

Обвинетиот Спасов, според неговиот исказ, им рекол на униформираните полицајци да повикаат Брза помош. Заедно со уште едно лице, за кое Спасов мисли дека е од обезбедувањето на Баскерфест, го однеле Мартин на паркингот кај МЕПСО каде што требало да дојде Брзата помош. Тој се задржал таму 15 минути, но морал да се врати за да го обезбедува премиерот и како што рече другите ВИП личности. Кога го оставил Мартин, тој бил жив, а наредниот ден му јавиле дека момчето починало и дека тој е осомничен.

Спасов тврди дека бил работно ангажиран и оти бил на задача критичната вечер, поради што од судот побара да оди на полиграф за да се докаже дека ја зборува вистината. Тој бара тоа да го направат и неговите колеги кои рекле дека критичната вечер тој не бил на задача.

Убиството на Нешковски предизвика реакции на младите во Скопје, кои протестираа пред Собранието и МВР, барајќи одговорност за неговата насилна смрт.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Еден човек среќава пират во бар.Пиратот има дрвена нога,кука и извадено око.
"Како ја доби дрвената нога?" го прашува цовекот.
"Имасе страсна бура на морето,и јас излетав во...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1620.- Стотина населеници, исклучени од верски...
1716.- Роден е англискиот писател Томас Греј....
1734.- Роден е англискиот сликар Џорџ Ромни,...
1792.- Роден е англискиот пронаоѓач и...