Премиерот препорачува дислокација на Топилницата

Скопје, 15 ноември 2011 (МИА) - Инвеститорите да размислат за просторна дислокација на Топилницата, на место кое на ниту еден начин нема да предизвикува оправдани стравови кај велешани, односно место каде што ќе се смета дека нема да ја загрозува безбедноста и здравјето на граѓаните на Велес, препорачува премиерот Никола Груевски по разгледување на можностите за евентуално нејзино рестартирање.

- Владата е подготвена да и помогне на компанијата во процесот на дислокација доколку компанијата ја прифати препораката. Владата поддржува отворање на нови фабрики кои отвораат нови работни места, но сепак пред се, и над се мора да биде здравјето на луѓето, на сите нас, на нашите деца и на идните генерации на кои треба да им оставиме здрава животна средина, се вели во соопштението од владината прес-служба.

Доколку компанијата ја дислоцира Топилницата на место надвор од градот Велес, таа ќе мора да ги примени највисоките еколошки стандарди.

- Трагедијата на многу велешани која се случуваше во минатото не смее да му се повтори во иднина ниту на Велес, ниту на било кој друг град во Република Македонија, стои во соопштението.

Препораката на премиерот Груевски до инвеститорот, како што се наведува, е донесена по реакциите во јавноста, анализата на силните и слаби страни на процесот, на можните ризици, согледување на изнесените ставови и перцепциите на јавноста, како и консултации со познавачи на приликите, почитувајќи ги стратешките определби за заштита и унапредување на здравата животна средина, определбите за креирање на бизнис клима за развој на економијата и привлекување инвестиции, земајќи ги во предвид и почитувајќи ги ставовите на граѓаните на општината и градот Велес.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Некој црнец од некое афричко племе доаѓа со жена му и неговото новородено дете кај доктор Џоунс и му вика:
'Докторе, имам осум деца и сите се црни како мене, само ова е бело....
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1679.- Умре холандскиот писател Јост ван ден...
1782.- Шпанците го презедоа од Британците...
1783.- Од земјотресот во Калабрија (југозападен...
1840.- Роден е шкотскиот пронаоѓач Џон Бојд...