Зад затворени врати, со заматен лик и изменет глас, заштитениот сведок вчера се соочи со осомничениот Љубе Бошкоски.
Заштитениот сведок вчера преку видео бим се соочи со Љубе Бошкоски, осомничен за нелегално финансирање на предизборната кампања за изборите што се одржаа на 5 јуни. Сведокот го даде својот исказ зад затворени врати.
Пријателите, роднините, приврзаниците на Бошкоски и новинарите чекаа пред судницата за да го дознаат епилогот од сведочењето.
Сведокот го даде својот исказ преку видео врска од посебна просторија во судот. На екранот тој бил прикажан со заматен лик и изменет глас. Од него се очекуваше да каже детали околу парите што беа пронајдени и запленети од автомобилот на Бошкоски, на 6 јуни кога беше уапсен.
Одбраната на Бошкоски реагираше на одлуката на судот да ја исклучи јавноста од судењето.
Вчерашното сведочење на заштитениот сведок може да биде клучно во процесот што се води против Бошкоски.
Судењето ќе продолжи на 18 ноември со завршните зборови, по што треба да биде донесена и пресудата.