Во завршните зборови, адвокатите на одбраната, тврдат дека заштитениот сведок бил агент провокатор и не бил загрозен од обвинетиот Љубе Бошкоски.
Иако обвинителството тврди дека заштитениот сведок бил загрозен од Љубе Бошкоски, адвокатите тврдат дека тој бил агент провокатор на полицијата и 130.000 евра кои му ги дал на обвинетиот биле обработени и земени од буџетот за специјални намери на МВР, пренесе Прес24.
Ова во својот завршен збор го истакна адвокат на Љубе Бошкоски, Дончо Наков. Според него обвинението е непрецизно, конфузно и треба да биде отфрлено.
Обвинителството пак во своите завршни зборови тврдеше дека Бошкоски е одговорен за злоупотреба на својата положба и незаконско финансирање на кампања и уверуваше дека за тоа во текот на процесот биле презентирани доволно докази.
Се уште траат завршните зборови на останатите адвокати на Бошкоски, а се очекува на крајот од рочиштето да проговори и Љубе Бошкоски кој до сега се бранеше со молчење.
Бошковски на 6 јуни беше уапсен пред ресторанот „Воденица“ со 100.000 евра во кеш.