Скопје, 29 ноември 2011 (МИА) - Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 денеска му изрече седумгодишна затворска казна на лидерот на Обединети за Македонија и поранешен министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски поради незаконско финансирање на предизборната кампања и злоупотреба на службената положба.
Објавувањето на пресудата во судницата предизвика реакции на членовите на семејството на Бошкоски. Неговата сопруга Виoлeтa Бошкоска рече дека знаелa оти тој ќе добие „голема казна“. Додаде дека не очекува ниту Апелациски ниту Врховен суд да ја сменат пресудата, туку правдата ќе ја бараат пред меѓународен суд.
Лидерот на Обединети за Македонија беше уапсен ден по изборите на 6. јуни пред ресторанот Воденица. Според обвинението, тој во три наврати од лице, кое на судското рочиште се појави како заштитен сведок, зел 130 илјади евра за незаконско финансирање на кампањата.