Сакаме да започнеме преговори за членство

Брисел, 29 ноември 2011 (МИА) - Пред вас сум бидејќи Република Македонија сака да стане членка на Европската унија. Ние сме дел од Европа и правиме се што можеме да се приближиме кон Европа. Ние сме кандидати за членство од пред шест години и сакаме да започнеме преговори. 

Ова го истакна шефот на македонската дипломатија Никола Попоски на почетокот од обраќањето пред Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент.

- Заедничкиот заклучок е дека сега е вистинската можност за надминување на долгогодишниот спор за името со нашиот јужен сосед, изјави министерот Попоски по обраќањето и додаде дека можноста треба да биде искористена.

Тој истакна дека треба да се надмине досегашниот пристап на блокирање и да се започне со решавање на спорот што ќе биде во заеднички интерес.

- Фактот што Македонија по трет пат ја доби препораката за отпочнување на пристапни преговори со Унијата, како и конструктивните заложби кои се упатени до грчката Влада, а кои Македонија активно ги промовираше, придонесоа подготвеноста на нашата држава да биде превозната од претставниците на Европската унија. Доколку Грција конструктивно пристапи на решението на спорот, може многу реално да се очекува Советот на Европа да предложи отпочнување на преговори за следната година, рече Попоски.

На министерот Попоски на парламентарната сесија од страна на членовите на Европскиот парламент му беа упатени прашања во врска со очекувањата од Хашката пресуда на што тој одговори дека Македонија ќе ја почитува одлуката каква и да е.

- Во понеделник очекуваме разврска на правниот спор започнат 2008 година, од каде ќе произлезе одлука која е исклучиво во рацете на Хашкиот суд. Ние како одговорна членка на Обединетите нации, немаме апсолутно никакво влијание во тоа, а ќе бидеме посветени на почитување на меѓународното право, рече Попоски.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Некој црнец од некое афричко племе доаѓа со жена му и неговото новородено дете кај доктор Џоунс и му вика:
'Докторе, имам осум деца и сите се црни како мене, само ова е бело....
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1679.- Умре холандскиот писател Јост ван ден...
1782.- Шпанците го презедоа од Британците...
1783.- Од земјотресот во Калабрија (југозападен...
1840.- Роден е шкотскиот пронаоѓач Џон Бојд...