Прекината седницата за избор на претседател на МАНУ

Скопје, 30 ноември 2011 (МИА) - Поради прекин на струјата во дел на центарот во Скопје вечерва беше прекината започнатата изборна седница на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) на која требаше да биде избира нов претседател. Седницата, како што се најавува, ќе продолжи утре.  

Пред почетокот на седницата изјава даде академикот Владо Камбовски, според кого е најбитно дека секој академик може да биде претседател со тоа што е член на Академијата.

- Најбитно е тоа и што досегашните подготовки и се  претпоставува и самиот избор ќе тече по сите академски правила кои доликуваат на една ваква институција. Значи демократски без никакви внатрешни или надворешни притисоци што доликува, реков на една силна автономна институција во областа на науката и уметностите. Волјата на мнозинството која се изразува со тајно гласање ќе одлучи кому ќе биде доверена таа важна функција, која можеби е со двојно поголема одговорност во однос на останатите, изјави Камбовски.

Новиот претседател на МАНУ ќе го замени Геогри Старделов, чиј мандат истекува на крајот од годинава. Изборот на новиот претседател треба да го поддржат мнозинството од 41 член во редовниот состав на Академијата. Ќе се избираат и потпретседател и секретар на МАНУ.

Старделов беше прв човек на МАНУ од почетокот на 2008, кога функцијата ја наследи од академик Цветан Грозданов.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Некој црнец од некое афричко племе доаѓа со жена му и неговото новородено дете кај доктор Џоунс и му вика:
'Докторе, имам осум деца и сите се црни како мене, само ова е бело....
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1679.- Умре холандскиот писател Јост ван ден...
1782.- Шпанците го презедоа од Британците...
1783.- Од земјотресот во Калабрија (југозападен...
1840.- Роден е шкотскиот пронаоѓач Џон Бојд...