Скопје, 1 декември 2011 (МИА) - Државниот пазарен инспекторат го затвори Клубот на пратеници во Собранието на Република Македонија.
Инспекторатот денеска ја реализира забраната за работа од 15 дена, откако инспекторите при контрола утврдија дека се прекршува Законот за заштита од пушење.
Контролата е извршена на 24-ти овој месец.