Отворен Центар за жртви од семејно насилство во Свети Николе

Свети Николе, 28 декември 2011 (МИА) - Заменик министерот за труд и социјална политика Ибрхаим Ибрахими и градоначалникот на Свети Николе Роберт Ѓорѓиев денеска во Свети Николе го пуштија во употреба Центарот за жртви на семејно насилство.

- Функцијата на засолништата за жртви од семејно насилство е оспособување и зајакнување на жртвите, физички и психички, со цел да се соочат со предизвиците од секојдневиот живот, истакна Ибрахими.

Тој посочи дека Националната стратегија за заштита од семејно насилство претставува основен стратешки документ на Република Македонија, кој има за цел утврдување на стратешките насоки и приоритети за сузбивање и спречување на овој вид насилство и утврдување на одговорните носители за нивно спроведување.

Градоначалникот Ѓорѓиев потенцира дека Општината ќе продолжи да се залага за препознавање на проблемите со кои се соочуваат ранливите групи и во соработка со Владата ќе изнаоѓаат решенија во интерес на оние на кои најмногу им е потребно.

Весна Бишева-Дуковска, претставник на УНДП потенцира Центарот ќе биде поддршка за многу жени, жртви на семејно насилство за справување со последиците од она што го доживеале. Тој, како што нагласи, ќе биде почетна точка за нов живот кон нивната економска и социјална реинтеграција.

Регионалниот згрижувачки центар кој е наменет за жртви на семејно насилство има капацитет за шест жртви на семејно насилство и нивните деца. Тој е четврт згрижувачки центар во Македонија, по Скопје, Битола и Кочани. Центарот е изграден е со поддршка на Министерството за труд и социјална политика, општина Свети Николе и УНДП, кој целосно го опреми и финансиски го помогна со шест милиони денари Швајцарската развојна агенција  и Центарот за институционален развој ЦИР-а со три милиони денари.

Со Регионалниот центар за жртви на семејно насилство ќе раковиди Центарот за социјална работа од Свети Николе.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Како се викаат свекор и свекрва?
- Шап и лигавка!
А снаа?
- Луда крава!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1118.- Роден е кентерберјскиот надбискуп Томас...
1375.- Умре Џовани Бокачо, славен италијански...
1639.- Роден е Жан Расин, француски поет и...
1781.- „Патентот за толеранција“ кој го изработи...