Почнува Вевчанскиот карневал 2012

Скопје, 13 јануари 2012 (МИА) - Со дефиле на маски, концерти и пречек на Старата нова година на отворено, денеска и утре во Вевчани ќе се одржува традиционалниот Вевчански карневал. На отворањето попладне ќе се обрати министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска. Манифестацијата ќе заврши утре со василичарско оро и со ритуално палење на маските.

Карневалот, со кој  се слави доаѓањето на Новата година според стариот календар, неофицијално почна вчера со изложба на фотографии од Атанас Ќушкоски на тема „Женски маски“ и со вечерен рок-хепенинг.

Вевчанскиот карневал е во чест на свети Василиј Велики - заштитник на василичарите и на Вевчани. Се разликува од други карневали во светот по архаичноста и уникатните маски, претставувајќи спој меѓу паганско и современо празнување.  

Вевчани станува своевиден театар без граници, кога низ него дефилираат маскирани карневалски групи. За време на карневалот Вевчанци од целиот свет  си доаѓаат дома за да учествуваат во  оваа претстава, единствена  по својот вид, во која  се исмеваат настани, појави и личности  од јавниот живот во  изминатата година.

Карневалот е стар колку и Вевчани, а специфичност е што никогаш однапред не се знаат маските. Тие не се повторуваат во идни  карневали,  освен традиционалните - Зет, Невеста и Глупaвиот Август.

Манифестацијата е поддржана од Министерството за култура на Република Македонија. Генерален спонзор е Македонски телеком, а организатор на годинашниот настан Тетрагон МК. 

Од 1993 година Вевчанскиот карневал членува во Асоцијацијата на светските карневалски градови.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
една баба оди на лекар.Кога докторот ја прашува што е проблемот таа му вели дека многу прди, прдежите не се слушаат но многу смрдат.Докторот и дава лекови и и вели да се врати на...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
641.- Кинеската принцеза Вен Ченг се омажи за...
1365.- Отворен е Универзитетот во Виена, една од...
1507.- Загина италијанскиот генерал Чезаре...
1832.- Роден е англискиот капетан Чарлс Канинг...