Kумановецот кој одгледувал марихуана познат на полицијата

Скопје, 4 јули 2012 (МИА) - СВР Куманово во соработка со Секторот за недозволена трговија со дрога при МВР вчера на површина од околу 200  квадратни метри на две парцели кои се наоѓаат по течението на реката Пчиња во атар на селото Довезенце, месност викана „Тескоќа“, пронајде и заплени вкупно 127 насади од растението „канабис сатива“.

Во доцните вечерни часови, соопшти денеска МВР, на лице место е фатен А.И.(26) од Куманово кој со возило дошол да ја искорне тревата околу насадите. Откако А.И. ги забележал полициските службеници побегнал, но е фатен и приведен во СВР Куманово.

Во текот на денешниот ден А.И. ќе биде спроведен до ОЈО Куманово заедно со кривична пријава за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. СВР Куманово трага и по вториот сторител кој се наоѓа во бегство. Инаку, А.И. од претходно е познат на службата, и СВР Куманово му има поднесено кривична пријава за сторено кривично дело „лажно пријавување на кривично дело – тероризам“.

Увид на лице место е извршен од Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство -Куманово, Истражен судија од Основниот суд-Куманово и увидна екипа на СВР Куманово, при што е констатирано дека претходно насадите се наѓубрени со вештачко ѓубриво.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Учителката во школо видела неколку деца како прават фаци додека си играат, па ги предупредува:
- Деца, кога бевме мали нас н&ицирц; учеа дека кој прави грди фаци ќе остане таков...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1562. - Во Мадрид е роден Феликс Лопе де Вега,...
1758.- Британците го окупираа Сенегал.
1763.- Умре францускиот писател Прево, познат по...
1783.- Последните британски војници го напуштија...