“Ненадејната посета“ на вонземјаните, која ја разбранува јавноста беше маркетиншки трик на јавното претпријатие “Македонски шуми“.
“Мистериозниот круг во житото“ кој неодамна се појави во Карбинци е новото лого на претпријатието “Македонски шуми“, а како што информираше генералниот директор на ова јавно претпријатие, Жарко Караџоски, новиот слоган е “Во партнерство со природата“.

Логото и слоганот се дел од новата филозофија на работење на фирмата со што симболично се прикажува неразделната врска помеѓу луѓето и шумите.
Самиот знак, кој беше предмет на бројни шпекулации, претставува постојана промена, движење и обновливост. Различните бои на трите листа ги претставуваат фазите низ кои поминуваат шумите за време на различните годишни времиња, а од друга страна ја означува посветеноста на фирмата во текот ан целата година.