Скопје, 20 септември 2012 (МИА) - Основниот суд Скопје 2 донесе времена мерка со која се забранува одржување на штрајкот на лекарите од Клинички центар, најавен за 24 септември.
Судот оценил дека не биле исполнети условите за штрајк и немало програма по која ќе се одвива работата, со оглед дека станува збор за специфична дејност.
Тужбата со која се бараше штрајкот да се забрани ја поднесе Министерството за здравство. Според Министерството, условите за штрајк не се исполнети, со што e незаконски.
Синдикатот, пак, се повикува на Уставот и загарантираното правото на штрајк. Синдикалците најавуваат дека ќе ја обжалат одлуката на Судот и ќе поведат постапка за одредување нов датум за штрајк на лекарите.