Скопје, 5 октомври 2012 (МИА) - „Писмо добиено завчера, од колега: Најавено во Атина, очекувано во Скопје, упатено преку world wide web. Нè радува што доаѓа одговор на писмо и иницијативи со кои сме настапиле. За поздравување“, запишал министерот за надворешни работи Никола Попоски во својот дипломатски дневник за писмото од неговиот грчки колега Димитрис Аврамопулос во кое предлага меморандум за разбирање меѓу Грција и Македонија.
- Можност за надминување на недоразбирања. Добро е да се разбереме: Добри соседи работат на намалување на чувството на загрозеност. Взаемно почитуваат суверенитет и територијален интегритет и поттикнуваат прекугранично поврзување. Носат одлуки кои ги почитуваат демократските принципи и владеењето на правото, и дома и надвор. Апсолутно ги почитуваат сите претходно превземени обврски. Водат сметка за граедење доверба и ги почитуваат чувствата и правата на своите граѓани и на сососедот. Сакаме европски односи со европски соседи, забележува министерот Попоски.
Аврамопулос завчера му испрари писмо на Попоски со предлог меморандум за разбирање меѓу Грција и Македонија во кој ги поставува основни параметри за напредување на преговорите за прашањето за името што се водат под покровителство на генералниот секретар на ОН.