Со концерт на камерното трио „Виво“ НУ Центар за култура во Куманово го одбележа патронатот

Куманово, 7 ноември 2012 (МИА) - Со концерт на камерното трио „Виво“, Националната установа Центар за култура „Трајко Прокопиев“, синоќа го одбележа патронатот на установата.

Пред кумановци настапија Милена Гиевска на виолина, Атанас Петров на фагот и Александар Христовски Роропулос на кларинет.

На програмата беа изведени дела од Трајко Прокопиев, Драган Шуплевски, Моцарт, Бетовен, Девиен...

- Дел од најзначајните манифестации кои се реализираат во центарот се меѓународните фестивали „Денови на комедија“, „Мак-денс“, „Скици“, „Кумановски графичари и скулптури“, како и традиционалните „Маскенбал“, „Шарено јајце“, „Меѓународна изложба на фотографии“ ...се само дел од програмата што ја нуди и организира Центарот во текот на годините на кумановци, вели стручниот соработник Роберт Цветковски.

Центарот за култура започна со работа како Дом на културата во 1981 година. Во наредните години се трансформира како Центар за култура, а во 2004 година станува правен субјект во кој е опфатен и театарот. Центарот за култура ќе продолжи во насока на освојување нови европски стандарди и ќе се труди дел од програмите и претставите од својата продукција да ги презентира и во странство.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Еден човек среќава пират во бар.Пиратот има дрвена нога,кука и извадено око.
"Како ја доби дрвената нога?" го прашува цовекот.
"Имасе страсна бура на морето,и јас излетав во...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1620.- Стотина населеници, исклучени од верски...
1716.- Роден е англискиот писател Томас Греј....
1734.- Роден е англискиот сликар Џорџ Ромни,...
1792.- Роден е англискиот пронаоѓач и...