Козаку – Маркулис во Скопје

на разговори за европерспективата на Македонија

Скопје, 26 ноември 2012 (МИА) - Министерката за надворешни работи на Кипар Ерато Козаку – Маркулис денеска ќе престојува во посета на Македонија во својство на актуелен претседавач со Советот на Европската Унија.

Маркулис ќе се сретне со нејзиниот македонски колега Никола Попоски на чија покана се реализира посетата, како и со претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов и со вицепремиерката за европски прашања Теута Арифи.

Посетата на кипарската министерка за надворешни работи на Скопје доаѓа во пресрет на декемврискиот Самит на ЕУ на кој треба да се одлучи дали Македонија ќе добие датум за почеток на преговорите за членство по четвртата по ред препорака од Европската комисија. За разлика од претходните три, ЕК годинава предложи паралелно водење на пристапните преговори и на разговорите за името, односно Македонија во декември да добие датум за почеток на преговорите, а името да се решава во нивната рана фаза. 

Во интервју за магазинот „Граѓански“ дадено во пресрет на посетата на Скопје, кипарската министерка за надворешни работи изјави дека не сака да го прогнозира исходот од состанокот на Советот за општи работи на ЕУ на 11 декември.

- Дозволете ми да не бидам иновативна во оваа област, не само за вашата земја, туку и за другите држави од Западен Балкан, особено поради мојата улога на претседавач. Имајќи предвид дека е потребна едногласност на 27-те земји-членки на ЕУ за усвојување на заклучоците, можете да разберете дека мојата позиција бара претпазлив пристап, кој треба да остане чист од неприкладно влијание на исходот од декемврискиот Совет, истакна шефицата на кипарската дипломатија.

Најави дека на средбите во Скопје тема ќе бидат односите со Грција и прашањето за името.

- Знам дека позицијата на Грција беше изразена преку неодамнешниот предлог за потпишување Меморандум за разбирање меѓу двете земји, со цел да се напредува во преговорите под покровителство на генералниот секретар на Обединетите Нации (ОН). На моите претстојни средби во Скопје ќе имам можност да дискутирам за пристапот на вашата земја кон оваа иницијатива. Исто така, ќе имам можност да бидам информирана за официјалната позиција на вашата земја за предлогот на Комисијата, опишан во Стратегијата за проширување. Се надевам дека моите состаноци во Скопје ќе ја разјаснат сликата и перспективата за пробив во пресрет на одлучувачкиот декемвриски Совет, наведува Козаку-Маркулис.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Некој црнец од некое афричко племе доаѓа со жена му и неговото новородено дете кај доктор Џоунс и му вика:
'Докторе, имам осум деца и сите се црни како мене, само ова е бело....
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1679.- Умре холандскиот писател Јост ван ден...
1782.- Шпанците го презедоа од Британците...
1783.- Од земјотресот во Калабрија (југозападен...
1840.- Роден е шкотскиот пронаоѓач Џон Бојд...