Deutsche Welle

Иванов нема да оди во Тирана

Македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов одлучи да не замине на централната прослава по повод 100-годишнината од албанската независност, што утре (28.11) ќе се одржи во Тирана.

Македонскиот претседател Ѓорге Иванов ја откажал посетата на Тирана поради последните инциденти, гласи информацијата од кабинетот на Претседателот, без да се наведат повеќе детали. Откажувањето на посетата следува по минатонеделната посета на премиерот Никола Груевски на Тирана, кога автомобилот во кој тој се превезуваше беше гаѓан со јајце и пластично шише, а државните македонски знамиња поставени низ улиците на Тирана во чест на неговата посета беа симнати и запалени.

Невообичаена дипломатска практика е во една недела и претседателот и премиерот на една држава да имаат две одвоени посети на една земја, велат од опозициониот СДСМ, откако претседателот Ѓорге Иванов одлучи да не замине на прославата на 100-годишнината од албанската

независност. „Но, она што дополнително не е јасно во целата оваа работа е како тоа Иванов планирал да присуствува во Тирана на прославата на стогодишнината на албанското знаме и албанската држава, а кога се организираше истовремено таква една прослава во Скопје, тој како домаќин не оствари средба ниту со премиерот на Албанија, ниту со премиерот на Косово?“, изјави Јани Макрадули, член на Извршниот одбор на СДСМ.

Официјална Тирана инаку, за време на викендот ги осуди инцидентите при посетата на Груевски и соопшти дека сторителите ќе бидат казнети. „Албанското МНР како и во минатото ќе продолжи да поттикнува добри меѓуетнички односи и почит кон симболите историјата, јазикот и културата на сите држави од регионот во аспирациите кон Европа и интегрирање на целиот регион“, беше наведено во писмената реакција на албанското Министерство за надворешни работи.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Некој црнец од некое афричко племе доаѓа со жена му и неговото новородено дете кај доктор Џоунс и му вика:
'Докторе, имам осум деца и сите се црни како мене, само ова е бело....
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1679.- Умре холандскиот писател Јост ван ден...
1782.- Шпанците го презедоа од Британците...
1783.- Од земјотресот во Калабрија (југозападен...
1840.- Роден е шкотскиот пронаоѓач Џон Бојд...