СДСМ ги кажа своите услови...

Скопје, 9 јануари 2013 (МИА) - Опозицискиот „Сојуз на иднината“ предводен од СДСМ ќе учествува на изборите доколку покрај најавените локални се одржат и предвремени парламентарни избори. Ова е едно од барањата на опозицијата што денеска на прес-конференција го соопшти претседателот на СДСМ Бранко Црвенковски.

Покрај ова, за фер и демократски избори опозицијата бара и формирање привремена влада чиј мандат ќе биде од распишување до завршување на изборите, смена на клучните ресори - министерствата за правда, внатрешни работи и финансии со личности кои со својот кредибилитет ќе гарантираат објективност на изборниот процес. Се бара и смена на директорот на јавниот сервис МРТВ, како и целосно прочистување на избирачкиот список и измени на Изборниот законик со вградување на препораките на ОБСЕ/ОДИХР.

- Ова се нашите позиции и услови, ова е нашиот предлог за излез од длабоката политичка и институционална криза во која е доведена Република Македонија со политиките и постапките на актуелната власт, рече Црвенковски.

Одлуката, како што истакна тој, е донесена едногласно на вчерашната седница на Централниот одбор во проширен состав на која присуствувале пратениците од СДСМ, актуелните градоначалници и кандидатите за градоначалници. 

Од СДСМ истакнуваат дека се подготвени веднаш да отпочнат разговори со партиите на власт за остварување и операционализирање на овие услови, а доколку нивните предлози бидат одбиени тогаш, како што информира Црвенковски, ќе ја продолжат нивната битка со методите на улична демократија и сите видови на граѓански отпор.  

- Целокупната одговорност за  каков било обид да се организираат  какви било нелегитимни избори и со тоа понатамошно политичко дестабилизирање на земјата, ќе ја сноси актуелната власт, рече Црвенковски.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Некој црнец од некое афричко племе доаѓа со жена му и неговото новородено дете кај доктор Џоунс и му вика:
'Докторе, имам осум деца и сите се црни како мене, само ова е бело....
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1679.- Умре холандскиот писател Јост ван ден...
1782.- Шпанците го презедоа од Британците...
1783.- Од земјотресот во Калабрија (југозападен...
1840.- Роден е шкотскиот пронаоѓач Џон Бојд...