Државниот врв посветен на изнаоѓање решение

на спорот за името

Скопје, 11 јануари 2013 (МИА) - Медијаторот во грчко-македонскиот спор за името Метју Нимиц по средбата со премиерот Никола Груевски изјави дека добил силно уверување оти решавањето на проблемот е врвен приоритет на македонскиот државен врв, што е охрабрување за него. Прашан дали по разговорите во Атина и во Скопје може да сe каже оти сега, прв пат по 20 години, има шанса да се реши проблемот, експлицитно одговори „да“.

- Зборувавме за специфичности, за разновидни можности, а не само општо. Изнесов некои идеи и добив одредени реакции. И знам дека ова е нешто што треба да се постигне. По мојата посета на Атина и сега на Скопје имам чувство дека постои зголемен интерес и сериозно внимание во однос на можностите за постигнување решение. Тоа е многу важно бидејќи лесно е да се каже ајде да го реши името и да се зборува за општи работи. Но, сите знаеме  дека ова е врвно прашање и потребна е голема внимателност за неговото решавање. А секако овде постои интерес за тоа, рече Нимиц.
 
Медијаторот истакна оти е охрабрен од разговорите во Скопје и Атина и најави дека ќе ја забрза динамиката на преговори во Њујорк. Со двајцата преговарачи, Зоран Јолевски и Адамантиос Василакис, ќе работи на разработка на идеите кои се конструктивни и обмислени и се надева оти ќе има напредок.

Toj не сакаше да прецизира за какви идеи и предлози станало збор за, како што вели, да не го попречува процесот.

- Инволвиран сум во ова прашање од 1994 година и не можам да кажам дека станува збор за сосема нови идеи. Но, работите се издигнуваат на други нивоа и во други контексти и сметам дека секогаш постои можност за креативност и да се дојде до позитивен заклучок, рече Нимиц.

Медијаторот Нимиц денеска во Скопје се сретна и со претседателот Ѓорге Иванов и со шефот на дипломатијата Никола Попоски.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Некој црнец од некое афричко племе доаѓа со жена му и неговото новородено дете кај доктор Џоунс и му вика:
'Докторе, имам осум деца и сите се црни како мене, само ова е бело....
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1679.- Умре холандскиот писател Јост ван ден...
1782.- Шпанците го презедоа од Британците...
1783.- Од земјотресот во Калабрија (југозападен...
1840.- Роден е шкотскиот пронаоѓач Џон Бојд...