
Скопје, 4 февруари 2013 (МИА) - Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Претпладне во западните подрачја се можни локални врнежи од дожд и снег.
Температурата ќе се движи од два до 11 степени.
Во Скопје и околината ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со температура до седум степени.