Промовирана втората фаза од „Интегрирано гранично управување“ - ТЕТРА за потребите на МВР

Скопје, 13 февруари 2013 (МИА) - Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и евроамбасадорот Аиво орав денеска присуствуваа на презентација на имплементацијата на проектот „Интегрирано гранично управување“ - ТЕТРА втора фаза  во рамки на дигиталниот систем за радио комуникации за потребите на полицијата, со поддршка на ЕУ. 

Овој систем, нагласи Јанкулоска, обезбедува безбедна и стабилна комуникација помеѓу полициските служби во земјата на национално ниво, со што значајно се зголемува целокупната ефективнoст и ефикасност на полициското работење.

- Со завршување на овој и реализација на идниот проект „Интегрирано гранично управување“ - ТЕТРА 3 во рамки на ИПА 2009 програмата очекуваме да се постигне максимална покриеност на целата територија на Република Македонија со полициски дигитален радио сигнал, рече министерката Јанкулоска.

Евроамбасадорот Орав истакнувајќи дека ЕУ ќе продолжи со поддршката  за спроведување на реформите во полицијата, информирајќи  дека финансиската помош за овој проект преку ИПА фондовите изнесува до 21 милион евра.

- Сакам да нагласам дека самата заложба на Владата да го придвижат овој процес е од клучна важност, потенцира Орав.

Инаку, во рамки на КАРДС програмата 2004 година е реализирана првата фаза од ТЕТРА проектот, чија вредност беше 8 милиони евра. СО овoј проект се овозможи 40 проценти покриеност со дигитален радио сигнал на територијата на државата. Во новиот финансиски инструмент ИПА од програмата за 2008 година, беа обезбедени 5,4 милиони евра за спроведување на втората фаза од проектот за проширување на дигиталниот систем за радио комуникации на околу 65 проценти од територијата на Република Македонија.

Во рамки на проектот меѓу другото е извршена изградба на 26 нови базни станици и подобрување на 11 постоечки, извршено е планирање на радио покриеноста, а изготвени се и препораки за употреба и одржување на системот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Некој црнец од некое афричко племе доаѓа со жена му и неговото новородено дете кај доктор Џоунс и му вика:
'Докторе, имам осум деца и сите се црни како мене, само ова е бело....
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1679.- Умре холандскиот писател Јост ван ден...
1782.- Шпанците го презедоа од Британците...
1783.- Од земјотресот во Калабрија (југозападен...
1840.- Роден е шкотскиот пронаоѓач Џон Бојд...