Облачно време со врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни (над 20л/м2), проследени со ретки грмежи, ни најавуваат за денеска од Управата за хидрометеоролошки работи.
Ќе дува и умерен до засилен југоисточен ветер. Во недела ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд, но во источните делови повторно се очекуваат пообилни врнежи. На планините врнежите ќе бидат од снег.
Од понеделник ќе има значително заладување со засилен северен ветер. Во понеделник ќе има повремени врнежи од дожд и снег, а во вторник повремен локален снег. Дневната температура во вторник ќе се движи од 1 до 6 степени, а во среда утринските насекаде ќе бидат негативни.