Поведена иницијатива за отворање италијански конзулат во Битола

Битола, 13 март 2014 (МИА) - Италијанскиот амбасадор Ернесто Масимино Белели денеска ја посети општина Битола каде се сретна со градоначалникот Владимир Талески со кого разговараше за повеќе теми во надлежност на локалната самоуправа.

- Италија и Македонија се блиски земји, врските меѓу нашите два народи се многу големи, а по денешната средба со градоначалникот Талески мислам дека имаме големи можности за соработка. Можеме да соработуваме во секторот култура, изучување на италијански јазик, учество на Битола во филмската продукција и копродукција што ја реализираат двете држави и создавање услови за работа на италијанските фирми и претприемачи со посебен фокус во земјоделскиот сектор, изјави амбасадорот Бенели.

Битола наскоро очекува отворање на италијански конзулат, директна соработка во реализацијата на проектот „Филмски град“ и италијански инвестиции што ќе овозможат нови вработувања.

- Италија недостига во милјето на почесни конзулати и збратимени градови со кои соработува Битола. Имаме конкретни предлози и очекувам наскоро да имаме почесен конзулат и нов збратимен град од нивната држава. На денешната средба го информирав амбасадорот за инвестициите во индустриската зона „Жабени“ и верувам дека во иднина ќе соработуваме со државата која има највисок процент на културно-историско богатство во светот, рече Талески по средбата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Ден на Царинската служба на Република...
1629.- Роден е холандскиот астроном, математичар...
1685.- Умре англискиот писател Томас Отвеј, чии...
1759.- Умре германскиот композитор Георг Фридрих...