Новиот амбасадор во САД и преговарач за името

Наумовски ја претстави платформата во Собранието

 

Скопје, 1 октомври 2014 (МИА) - Согласно најавите следната средба меѓу претставниците на двете страни би требало да се одржи до крајот на годината. Ќе продолжиме да ги разменуваме нашите мислења и идеи во однос на разликата што постои за името, изјави денеска Васко Наумовски, новиот македонски преговарач во спорот за името и нов амбасадор во САД.

- Во овие разговори Република Македонија настапува со јасно изразена волја да се надмине таа разлика што постои во однос на името. За жал впечаток е дека кај другата страна во овој момент постои еден недостиг на мотивација за надминување на оваа разлика, но и покрај тоа ние ќе продолжиме да разговараме со нашите соседи во правната рамка што е воспоставена со соодветните резолуции на Советот за безбедност на ОН, Времената спогодба, како и пресудата од Меѓународниот суд на правдата, рече Наумовски, пред членовите на собраниската Комисија за надворешна политика за време на претставувањето на платформата за дипломатски активности како нов амбасадор во Вашингтон.

САД ја поддржуваат и независноста и територијалниот интегритет на Република Македонија, како и реформите во областа на одбраната и безбедноста и, исто така, како што рече Наумовски, политиката на оваа земја кон регионот на ЈИЕ односно на Балканот е насочена кон охрабрување на сите вклучени страни за решавање на сите отворени прашања.

- Тоа не е само во случај што ние ја имаме со нашиот јужен сосед туку е и случај во разликите што постојат меѓу Србија и Косово, во БиХ итн. Во таа насока САД, според мојата проценка имаат интерес за надминување на разликата што ние ја имаме со нашиот јужен сосед, рече македонскиот преговарач одговарајќи на прашање на пратеникот Павле Трајанов за поактивно вклучување на САД во решавањето на спорот за името и влез на Македонија во НАТО.

Наумовски беше дециден дека во разговорите што се водат под покровителство на ОН, Република Македонија настапува со јасно изразена ставови и оти како претставник во тие разговори добил јасни насоки кои се ставовите што треба да се презентираат.

Новоименуваниот амбасадор истакна дека за време на неговиот мандат ќе работи на безвизен режим со САД, но истакна дека тоа е среднорочна цел за чие исполнување е потребно унапредување на критериумите. Првично ќе треба да се овозможи правна рамка. Меѓу неговите приоритети се динамизирање на политичките односи, организирање економски настани за привлекување инвестиции, промоција на технолошки, индустриски и здравствени зони, промоција на туризмот, продолжување и унапредување на соработката во одбраната и безбедноста, образование, наука и култура... Исто така, најави интензивна комуникација со дијаспората во САД, која е една од најголемите во светот, за нивни заеднички настап.

Отчетни излагања имаа поранешните амбасадори во Украина и во Египет, Ацо Спасеновски и Миле Манолев.

Манолев сугерираше дека има потреба од повторна анализа на нашите односи со Каиро по настаните во оваа земја, и оти Египет заслужува поголемо внимание на билатерален и економски план.

Ситуацијата, пак, во Украина не дава можност за продолжување на економската соработка, според амбасадорот Спасеновски, но вели тој, има заинтересирани кои сакаат своите компании и бизниси од Украина да ги префрлат во Македонија. Ја повтори позицијата на Македонија дека го поддржува суверенитетот и интегритетот на Украина, како европска држава.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Си игра едно детенце во градинка, кога му приоѓа едно девојче и го прашува:
- Сакаш да си играме заедно?
- Сакам. А, која игра ќеја играме?
- Ќе ти кажам, ама ти прво кажи ми...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по влажни коловози со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенцијата на дежурните екипи на ЈП Македонијапат....
Верски календар
На денешен ден
1742.- Во Лондон умре Едмунд Халеј, англиски...
1784.- САД го ратификуваа мировниот договор со...
1809.- Британија и Шпанија склучија сојуз против...
1839.- Во Штип е роден Јосиф Ковачев, учител,...