Скопје, 29 октомври 2014 (МИА) - Два проектила синоќа се испукани на зградата на Владата на република Македонија во Скопје. Едниот завршил во покривот, а другиот во страничната фасада.
Од МВР за МИА велат дека е извршен увид и проектилите се предадени на вештачење.
Инаку, во полицијата синоќа околу 22 часот е пријавено дека во близина на зградата на Владата се слушнале две детонации. По неколку часа, посочуваат од МВР, на фасадата и на покривот на зградата во која е сместена Владата се пронајдени два проектила.