Нимиц одржал одвоени средби со Наумовски и Василакис

Атина, 12 ноември 2014 (МИА) – Медијаторот во спорот за името Метју Нимиц синоќа во Њујорк имал одвоени средби со претставниците на Македонија и на Грција, амбасадорите Васко Наумовски и Адамантиос Василакис.

Според досегашната вообичаена пракса, Нимиц денеска во 16 часот по македонско време ќе има заедничка средба со двајцата дипломати, „за продолжување на разговорите во рамките на посредништвото на ОН со цел да се најде взаемно прифатливо решение за прашањето за името“.

Како што јави дописникот на МИА од Атина, во Грција не се објавуваат никакви информации за синоќешната средба на Василакис со Нимиц, а медиумите денеска покрај најавата, го пренесуваат текстот објавен на македонската интернет страница „Призма“.

„Призма“ го објавува последниот официјален предлог на Нимиц од 9 април 2013 година, според кој за името на нашата земја се предлага  „Горна Република Македонија“ (Upper Republic of Macedonia), македонскиот јазик на англиски да се именува со сложенката „Macedonian/Makedonski“, а за државјанството медијаторот нуди паралелна употреба на две синтагми: „на Горна Република Македонија“ (of Upper Republic of Macedonia) и „Makedonsko/Macedonian“.

Содржината на документот се совпаѓа со информациите кои во тој период ги објавија македонските и грчките медиуми.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Некој црнец од некое афричко племе доаѓа со жена му и неговото новородено дете кај доктор Џоунс и му вика:
'Докторе, имам осум деца и сите се црни како мене, само ова е бело....
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1679.- Умре холандскиот писател Јост ван ден...
1782.- Шпанците го презедоа од Британците...
1783.- Од земјотресот во Калабрија (југозападен...
1840.- Роден е шкотскиот пронаоѓач Џон Бојд...