За совет на „Ало докторе“ 9.686 повици за два месеца

Скопје, 16 ноември 2014 (МИА) - На телефонската линија 02/15123 за медицински совет „Ало докторе“ во изминатите два месеца се регистрирани 9.686 јавувања, а само во тек на вчерашниот и завчерашниот ден 273.

Јавувањата на телефонската линија за медицински совет се од граѓани од сите градови во Македонија, соопшти денеска Здравствен дом Скопје.

На сите граѓани кои се јавиле им е дадена медицинска помош преку здравствен совет и соодветна симптоматска терапија. На сите лица кои се обраќат преку линијата „Ало докторе“, а поради итноста за здравствената состојба за која се јавиле, повикот им е пренасочен од дежурните специјалисти кон службата за итна медицинска помош.

Јавувањата на 15 123 се со ширпк спектар на најразлична симптоматологија, кардиовасуларни, респираторни симптоми, совети за покачена телесна температура, за исхрана кај најмалите и симптоми на болка.

Секој ден од 18 до 22 часот во кол центарот „Ало докторе“ за медицински совет се дежурни и достапни за здравствен совет директорите на јавните здравствени установи. Денеска во кол центарот на „Ало докторе“ од 18 до 22 часот ќе биде дежурен д-р Слободан Ѓорѓиевски од ЈЗО Здравствена станица Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, а утре проф.д-р Бисерка Ќаева, директорка на Клиниката за пулмологија и алергологија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Кога и ја отварате вратата од автомобилот на жената.
- Кога имате нов автомобил, или нова жена.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1558.- Германскиот цар Фердинанд Први ја презеде...
1804.- Во Виена е роден Јохан Штраус Постариот,...
1820.- Роден е италијанскиот крал Виторио...
1844.- Карлос Антонио Лопес е прогласен за прв...